Новиот PlayStation 5 DualSense контролер сега работи и на Steam. Valve најави поддршка за џојпед, а достапен е за оние корисници кои се во јавната бета на десктоп софтверот на Steam.
DualSense поддршката доаѓа со апдејтот на Steam платфромата, што значи дека секоја користи Steam API сега може да користи DualSense.
„Не е потребен никаков апдејт од компаниите што ги креираат игрите“, наведува Valve. Програмерите ги вклучија во поддршката тракпад, LED, жироскоп и останатите функции на контролерот, а PC корисници можат да ги прилагодат на своите потреби во игрите како што се Horizon Zero Dawn и Death Stranding.
На прашањето дали Valve корисниците воопшто користат џојпади, компанијата наведува дека бројот на оние кои играат на контролер во изминатите две години се дуплирал, а во платформските игри повеќе од 90 проценти од корисниците играат со помош на џојпед, наведува Valve.