Новиот паметен часовник на компанијата Redmi ќе биде претставен утре во Кина, објави генералниот директор на компанијата Лу Веибинг преку пост на кинескиот микроблог Weibo. Деталите за часовникот се речиси непознати, но се верува дека се работи за ребрендиран Mi Watch Lite, кој минатиот месец е забележан на американската FCC листа со број на модел REDMIVT02. На утрешниот настан, Redmi ќе ја претстави и својата нова серија Redmi Note 9 телефони.
Ако навистина се испостави дека се работи за ребрендираниот Mi Watch Lite, некои спецификации стануваат појасни, бидејќи FCC листата покажа 1,41 HD екран, вграден GPS и 24-часовно следење на отчукувањата на срцето. Исто така, напоменато е дека часовникот ќе биде водоотпорен до 50 метри, ќе има препознавање на потезите на пливање, повеќе начини на фитнес и функцијата на автоматско осветлување на дисплејот. На листата на FCC се наведува дека часовникот со број на модел REDMIVT02 ќе биде испорачан со батерија од 230mAh.
Се наведува дека Mi Watch Lite, исто така, е забележан на листата на UL (Demko) сертификати со истиот број на модел. Самиот паметен часовник е нешто послаба верзија на Mi Watch, лансиран во Кина во ноември со почетна цена од околу 166 евра. Поседува 1,78-инчен AMOLED екран, Qualcomm Snapdragon Wear 3100 чип, 1 GB RAM и батерија од 570 mAh.
Поврзани артикли