Со најголемиот компјутерски чип на светот наречен CS-1 е можно да се направи и симулација на иднината на градовите. Истражувачите тврдат дека тоа можат да го направат побрзо од „законите на физиката“.
Чипот се состои од 1,2 билиони транзистори и 200 пати е побрз од супер компјутерите кои се користат за симулации во енергетските погони.
Се покажа многу моќен во анализата на повеќе од милион варијабли, што меѓу останатото се однесува на флуктуацијата на температурата и 3D симулацијата на струењето на воздухот.
Во развојот на чипот учествуваа компанијата Cerebras и американската Национална лабораторија за енергија. Бројот на негови транзистори е 22 пати поголем од Nvidia чипот A100 наменет за супер компјутери.
Чипот ќе се користи за изработка на различни симулации, но од Cerebras најавија и нов чип, кој ќе содржи 2,6 билиони транзистори, што би овозможило изведување на уште посложени симулации, објави весникот Independent.
Поврзани артикли