Ова е огромен број за било која платформа, а посебно за оваа каде што ниту еден друг корисник не е ни блиску до бројката од 100 милиони следбеници на младата D’Amelio. Втор најследен профил на TikTok od 22. ноември годинава е Addison Rae, кој моментно изнесува 69,6 милиони. Zach King е на третото место со 52,8 милиони, а сите подолу се под 50 милиони.

Сите овие имаат повеќе следбеници и од бројните славни личности, вклучувајќи ги Вил Смит, Аријана Гранде и The Rock. Исто така, има над двојно повеќе следбеници од официјалниот профил на TikTok.

Иако ова достигнување е големо за D’Amelia лично, тоа е израз и на брзиот раст на TikTok како платформа. На YouTube ѕвездата PewDiePie, кој го покрена својот канал во 2010. година му требаа девет години да ја постигне истата цифра. D’Amelia во меѓувреме го подели своето прво TikTok видео, дури во мај, 2019. година.