Пред само неколку дена, Oppo го преттстави неверојатниот Oppo X 2021 телефон, кој има лизгачки дисплеј. Но, штом беше откриена технологијата, инсајдерите на компанијата Samsung почнаа да сугерираат дека и оваа компанија можеби веќе развива уред во овој сегмент.
Новите гласини се насоечни на потенцијалниот Samsung Galaxy Z Fold S телефон, што би можеле да го видиме во следните неколку дена. Детали недостасуваат, но почетните гласини сугерираат дека можеби би можел да содржи некоја слична технологија како Oppo X 2021.
Познатиот дојавува Ice Universe, кој секогаш има доверливи информации, истакна дека Galaxy Z Fold S или Galaxy Z Fold Scroll уредот би можел да пристигне во блиска иднина, објавувајќи информација со фотографија на Oppo X 2021.
Galaxy Z Fold S (In&Out folding) https://t.co/iFwULfTK3v pic.twitter.com/qXCEuxM7ii
— Ice universe (@UniverseIce) November 17, 2020
Понатаму, појаснува дека оваа фаза уредот е во фаза на „лабораториско испитување“, така што се уште е далку и веројатно нема да биде прв на пазарот. Знаеме дека Oppo има слични планови за Oppo X 2021, а Ice Universe истакна дека Huawei, Xiaomi и можеби уште некои компании ќе имаат слични лизгачки уреди во следната година.
Сепак, љубителите на преклопните дисплеи во потрадиционален стил не би требало да бидат загрижени, бидејќи Ice Universe откри и дека Samsung ќе го објави Galaxy Z Fold 3, кој ќе има камера под дисплејот, како и втора генерација на ултра тенко стакло, како и поддршка за S-Pen.
Поврзани артикли