Првиот антибактериски телефон во светот доаѓа од Велика Британија.
Направен е од компанијата Bullit, со седиште во Ридинг, и го доби името Cat С42. Моделите опремени со дополнителна антимикробна технологија, сепак, нема да бидат достапни до почетокот на 2021 година.
Телефонот, кој ќе има антибактериски систем, ќе се бори против ширењето на бактериите благодарение на сребрените јони вградени во материјалите од кои е направен.
Иако ваквите јони не ги неутрализираат активно бактериите или вирусите, вклучително и коронавирусот, тие го запираат ширењето и размножувањето на патогените микроорганизми, тврдат оние кои го започнаа „biomaster“.
Производителите додаваат дека уредот е целосно водоотпорен и дека треба редовно да се мие со вода и сапун, средства за дезинфекција, па дури и белило за да се одржи чист.
Куќиштето е изработено од непробојно стакло и нерѓосувачки челик и не било оштетено дури и откако паднало на челик од висина од 1,8 метри, а по тестовите немало забележителни траги од нечистотија што останале на него.