Оперативниот систем на Microsoft – Windows одбележува 35. години од своето постоење.
Windows е еден од најпознатите опертивни системи во светот, а секој од нас речиси сигурно поминал барем малку време работејќи на него.
Windows 1.0 се појави на 20. ноември, 1985. година, а доби лоши критики бидејќи всушност и не беше оперативен систем туку повеќе GUI (Графички кориснички интерфејс) во склоп на MS-DOS. Сепак, Windows многу напредуваше во однос на скромните почетоци, а се прослави со Windows 95 и XP верзиите. Многу помалку „славни“ верзии беа Windows ME, Vista и Windows 8.
Не беше секоја верзија хит, но со оглед на тоа што денес Windows 10 се користи на повеќе од милијарда уреди, оперативниот систем на Microsoft останува доминантна платформа за PC. Телефоните секако се иднината, во светот постојат повеќе од 2 милијарди активни уреди со Android, но традиционалните компјутери се уште се присутни и реално е да се очекува Windows да остане доминантна сила и во следните години.