Компаниите Microsoft и Apple соработуваат со цел контролерите за новите конзоли Xbox Series X и Series S да бидат компатибилни со iPhone и iPad.
Новите контролери официјално не ги поддржуваат оперативните системи iOS и iPadOS, но од Apple е потврдено дека во соработка со Microsoft работи на надградба што ќе го овозможи тоа.
Ова не е првпат двете компании да работат на подобрување на поддршката на контролери за Xbox. Претходно соработуваа на проектот Xbox Elite 2 и Xbox Adaptive Controller за iOS 14. Поддршката е овозможена една година по доаѓањето на Elite 2 контролерот.
Кога ќе биде достапна поддршката за новиот контролер за iPhone и iPad засега не е познато. Apple Insider неодамна објави дека iOS 14.3, кој моментно е во бета, содржи поддршка за DualSense контролер наменет конзолата Sony PlayStation 5.