LG е меѓу првите клучни производители кои веќе некое време развиваат екрани што можат да се вовлекуваат. Меѓутоа, компаниите како Oppo и TCL, исто така, си ја пробуваат среќата со извлекувачки екрани за изработка на паметните телефони од следната генерација.
Како што известува Root My Galaxy, се чини дека LG има патент за лаптоп со екран кој може да се развлече во големини помеѓу 13,3 и 17 инчи. Кога се одмотува, се појавува како лента. Исто така, се забележува дека лаптопот има копче за напојување на едната бочна страна, за разлика од поголем дел од преносните компјутери кои ова копче го имаат на тастатурата.
LG не ги потврдува деталите за овој лаптоп. Многу е можно дека патентот би можел да биде поврзан само со концепт, а не за комерцијален производ.
LG, исто така, има и сличен патеметен теелфон во плановите, под кодното име „Projekt B“, иако би можел да се нарекува и LG Rollable. Претходно оваа недела, и Oppo го претстави Oppo X 2021 концептниот телефон со OLED дисплеј што се намотува.
Поврзани артикли