Google објави дека стриминг платформата Stadia наскоро ќе почне да работи на iPhone телефоните. Од компанијата потврдија дека тоа ќе се случи во следните недели. Досега Stadiа беше ограничена на Android телефоните, компјутери и телевизори, а со оглед на стриктните правила на Apple продавницата, досега не можеше да почне со работа на смартфоните на Apple.
Идејата да не морате да имате скап компјутер за да ги играте најновите игри со време доби се повеќе приврзаници. Концептот на сервисот е да можете да играте игри секаде каде што имате интернет, од телефон, таблет, компјутер или телевизор. Игрите ги бирате како кај Netflix и веднаш ги играте, без оглед на хардверот, бидејќи се стримаат преку интернет.
Услугата Google Stadia се разликува од останатите стриминг сервиси по тоа што наместо корисникот да плаќа месечно, ја плаќа целата игра, но поради тоа нема претплата на услугата. Останатите кои сакаат да платат 10 долари месечно, ќе добијат стрим со повисок квалитет, но и можност за играње на други игри по некое време.