Маркетиншките идеи понекогаш се импресивни, а една од нив била имплементирана во Лондон.
PlayStation се здружи со транспортниот систем Transport for London и имплементираше привремени промени на метро станиците. Традиционалните знаци за метро се заменети со оние кои содржат препознатливи облици со контролер за PlayStation конзолата. Со тоа е обележан почетокот на продажбата на PlayStation 5.
Покрај тоа, украсени се и ѕидовите на одредените платформи, а некои се преименувани според игрите како што е „Spider-Man: Miles Morales“ и други.