Google пред неколку дена објави ново Google Pay искуство, и функции кои ја претвораат оваа апликација во повеќе од платформа за плаќање. Се работи за тоа дека покрај финансиските услуги, оваа апликација ќе понуди и уште една локација за размена на пораки.
Има многу коментари во кои се тврди дека Google „нема идеја што да прави со пораките“, па така секој нов производ добива и опција за комуникација. Корисниците веќе се уморни од бројните звучни и визуелни известувања, па малку е веројатно дека некој ќе се радува на новите Pay пораки. Вистина е дека Google Pay ќе добие и некои корисни функции, но сепак најголемо внимание се посветува на пораките, иако не е јасно за што би можеле да зборуваат корисниците во рамките на апликацијата за плаќање.
Факт е дека известувањето за некоја трансакцијата може да стигне преку било кој од бројните опции за пишување, испраќање и примање на пораки, па малку е е веројатно дека било кој ќе открие нешто револуционерно во Google Pay пораките.
Поврзани артикли