Компанијата NordPass анализираше повеќе од 275 милиони лозинки изложени во јавност, по откриени од хакерски напади. Од нив направи листа со десетте најчесто употребувани лозинки.
Повеќе од половината лозинки се повторуваат по неколку десетици до неколку милиони пати, односно 56 проценти. Од друга страна, само 44 проценти од лозинките биле уникатни, односно никаде не се повторувале.
Од NordPass ги советуваат корисниците на интернет да не користат шаблони за лозинки за нивните профили на социјалните мрежи. За подобра заштита, од NordPass советуваат промена на лозинката на секои 90 дена со комбинација од големи и мали букви и креирање различни лозинки за секој профил.
Најчесто користени лозинки се:
1. 123456
2. 123456789
3. picture1
4. password
5. 12345678
6. 111111
7. 123123
8. 12345
9. 1234567890
10. senha
The top ten most common passwords of the year
h/t @NordPass pic.twitter.com/Xj6lVAfLCF
— Morning Brew ☕️ (@MorningBrew) November 19, 2020