Најновото ажурирање на macOS Big Sur предизвика некои постари MacBook Pro лаптопи да се блокираат во текот на инсталацијата, без никаков начин корисниците да го решат проблемот. Се чини дека овој проблем е најчест на моделите на 13-инчниот MacBook Pro од крајот на 2013. и средината на 2014. година. Сопствениците на другите Mac компјутери, исто така, пријавија проблеми со инсталацијата на Big Sur. Засега овие два модела имаат најтешки проблеми.

На Reddit и другите локации каде што своите искуства ги разменуваат корисниците на Apple компјутери, се повеќе луѓе почнуваат да се жалат на проблеми при најновото ажурирање на Big Sur. Поголем дел од нив се уште немаат решение за својот проблем.

 

macOS Big Sur од почетокот на лансирањето имаше голем број проблеми. Се чини дека големата побарувачка за апдејтот ги забави серверите на Apple, што доведе до широко распространетото забавување на поновите Mac компјутери, поради малку познатата функција, која кај Apple верификува дека апликациите немаат малвер пред секое покренување. Проблемите со серверот, исто така, оневозможнија некои корисници да ја инсталираат исправката, додека OS прикажуваше грешка при инсталацијата, додека луѓето пробуваа да ја стартуваат инсталациската програма.