Apple ја најави новата програма на App Store за мали претпријатија. Според оваа нова програма, помалите програмери ќе ги исполнуваат условите за намалување на надоместот во App Store.
Програмерите кои во претходната календарска година заработиле помалку од милион долари можат да учествуваат во оваа програма, а во иднина провизијата ќе им биде 15 проценти, наместо 30 отсто колку што претходно мораа да му платат на Apple. Ако во било кој момент некој програмер ја помине границата од милион долари заработувачка, тогаш автоматски ќе биде префлен на стандардниот надомест од 30 проценти. Меѓутоа, а ко се врати под границата од милион долари, тогаш повторно ги исполнуваат условите за Програмата за мали претријатија.
Поради прилично нискиот пресек, оваа програма нема да влијае на големите корпорации или дури и на независните програмери со исклучително успешни апликации. Наместо тоа, програмата е дизајнирана да им помогне на помалите програмерите и претпријатијата да растат, од кои многу оваа година поминале на мрежниот бизнис модел поради пандемијата. Понатамошни детали во врска со оваа програма ќе бидат достаони во декември, а самата програма ќе биде покрената на 1. јануари, 2021. година.