Windows 10 корисниците во последните ненолку недели се преплавени со реклами за веб-прегледникот Edge, а се тврди дека овој начин на рекламирање ќе ги вознемирува корисниците и во иднина.
Нападните реклами не се ништо ново, бидејќи сајтовите така заработуваат за опстанок, но обично не се работи за содржини кои бараат целосно внимание, бидејќи заземаат 100% од екранот. Microsoft се одлучи баш така да привлече нови Edge корисници, а full-screen реклами се појавуваат по скоро секое поголемо ажурирање. Рекламите ги гледаат и оние кои веќе користат Google Chrome или Firefox. Ваквите рекламни кампањи обично се смируваат отккао ќе се избере опцијата „don’t update your browser settings“, но такви можности моментно нема, и Edge „билбордите“ се појавуваат прилично често.
Останува да се види дали привлекувањето внимание ќе влијае на популарноста на Edge, а многумина тврдат дека голем број корисници не ги бираат оние содржини што се пласираат на агресивни начини.
Поврзани артикли