Ќе помине уште доста време пред купувачите да можат да ги нарачаат Xbox Series X или Series S без чекање.
Директорот на Microsoft, Тим Стјуарт изјави дека очекува недостаток на залихите на конзолите се до април, 2021. година. Залихите дефинитивно нема да можат да следат огромната побарувачка на пазарот.
Microsoft не откри колку конзоли продал од претставувањето на 10. ноември, но е потврдено дека се работи за „најуспешното лансирање во историјата“.
Прогнозите на Microsoft не се добра вест за оние кои се надеваа дека ќе ја купат новата конзола пред новогодишните празници, но се за компанијата, бидејќи сите показатели говорат дека побарувачката ќе остане огромна и долго по празниците.
Слична би можела да биде ситуацијата и со новата Sony PlayStation 5 конзола.