Ракета на Европската вселенска агенција (ЕСА) претрпе неуспех осум минути по полетувањето, со што беа загубени двата сателита што таа ги носеше.
Леталото „Вега“ излезе од нормалниот свој режим кусо по лансирањето од вселенскиот центар во Куру, Француска Гвајана, по што излезе од опсегот на набљудување, како што соопштија од „Аријанеспас“ – компанијата што го следеше полетувањето. Истрагата за неуспехот допрва почнува.
– Мисијата не успеа – рече извршниот директор Стефан Израел при следењето на ракетата во живо.
„Вега“ имаше задача да однесе два сателита во Земјината Орбита – француски и еден шпански. И двата се изгубени при полетувањето, околу 700 километри од Земјата. Ова неуспешно лансирање на ЕСА е прво по неколку години.