Кинезите успеаја да соборат нов рекорд откако спуштија подморница на 10.909 метри под морето. Оваа подмонира го изведе досега најдлабокото нуркање во светот. Таа има способност да пренесе максимум тројца патници, пред сè поради научни истражувања.
За помалку од еден ден подморниот чамец успешно ја завршил својата задача. На излегување бил дочекан со аплауз од страна на кинеските научници. Тие велат деа овој брод е опременет со револуционерна технологија.
Во водата се движи на електричен погон и може да работи со полн интензитет околу 10 часа под вода. Кабините на подморницата се од цврст материјал, титаниум, за да може да го издржи притисокот.
Со своите флексибилни роботски раце, подморницата може да истовари опрема на помошен брод и да собира примероци од длабочините во морето.
Поврзани артикли