На 18.11.2020 (среда) од 13:00-14:00 часот, ќе се одржи онлајн работилница „Job Hunt Prep“. Работилницата е наменета за универзитетски студенти од сите профили и универзитети, кои се заинтересирани да ги подобрат вештините за претставување при барање работа и истата се организира како продолжение на овогодинешниот Саем за вработување организиран од студентската организација БЕСТ Скопје.

За време на работилницата, кариерен советник и експерт по маркетинг на студентите ќе им понуди совет како да ги подготват и подобрат своите резимеа за работа, LinkedIn профили и поранешни апликации за работа. Во текот на неколку денови по работилницата, кариерниот советник ќе им биде на располагање на студентите – учесници на работилницата, за персонализирано водство и повратни информации за нивните резимеа и апликации за работа.

Регистрација и линк за учество на онлајн настанот е преку следниот ЛИНК

*Учеството е бесплатно, работен јазик на настанот е македонски јазик.

Работилницата се реализира со поддршка на Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ има за цел зајакнување на деловниот сектор во во државата, преку создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој:одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).Целта на програмата е проширување на пазарите и зајакнување на конкурентноста кај домашните чинители во овие три сектори, подобрување на квалитетот на производите и услугите и создавање одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар, особено за жени и млади.

Повеќе информации за програмата: www.ime.org.mk