Новата генерација на Xbox и Playstation конзоли е официјално пуштена во продажба во повеќето земји, а многумина имаат проблем да се обидат да дојдат до својот миленик од следната генерација, поради големиот недостиг на залихи.
И покрај фактот што производствените капацитети се удвоени, секоја конзола штом се најде на рафтот истовремено и се продава, а според некои предвидувања, Sony и Microsoft ќе го задоволат пазарот дури во текот на 2021 година.
Оваа ситуација, со бројните обожаватели кои упорно се обидуваат да ја добијат својата конзола, овозможи да процвета бизнисот со препродажба на веб-страницата eBay.
Таканаречените „скалпери“, лица кои купуваат многу производи само поради препродажба, продаваат Playstation 5 конзоли на платформата eBay, како и Xbox Series X по ненормално високи цени, за 10-15 пати повеќе од 500 долари, колку што е препорачаната цена на производителот. Во моментов, пребарувањето за Playstation на eBay дава дури 8.700 резултати, а почетната цена е 800 долари.
Цената на Playstation 5 достигнува огромни суми, цената од 5000 долари за неа е присутна кај голем број продавачи, а има и солиден број на оние кои уредот го продаваат за повеќе од 10.000 американски долари, што е навистина неверојатно. Слична е состојбата и со Xbox Series X, па само една конзола чини помеѓу 5.000 и 8.000 долари.