Во обид да ги појаснат ефектите на климатските промени, научниците од Универзитетот Пенсилванија креираа виртуелна шума во која прикажуваат какви промени би можела да претрпи природата и веќе ги трпи поради човечката негрижа.
Истражувачите комбинирале мноштво податоци за климатските промени, екологијата и вегетацијата, а за да создадат виртуелна шума, односно две различни идни сценарија на влијанијата на климатските промени на природата.
Students are able to explore forests of tomorrow, see water flowing through the soil, and more through virtual reality technology at Penn State's Center for Immersive Experiences. @PennStateCIE
https://t.co/LOmyyXNttY pic.twitter.com/L5AtBmmb8f— Penn State (@penn_state) November 10, 2020
Во виртуелната шума корисниците можат детално да го истражат растителниот свет во сегашноста, но и да откријат како би можеле да изгледаат шумите во иднина, погодени од климатските промени.
Откако ќе ги стават VR очилата, корисниците влегуваат во шума каде што можат да се запознаат со секој вид на дрво и другите шумски билки. Овозможен им е поглед од разни агли.
Тимот научници истакнува дека нивниот виртуелен шумски екосистем може да ја олесни комуникацијата помеѓу експертите, креаторите на политики и пошироката јавност. Тие ги поттикнуваат корисниците да истражуваат кои видови на дрва опастануваат и успеваат во секое идно сценарио, а со цел за сфаќање на климатските промени во сегашноста.