Администрацијата на САД направи мал исклучок на полето на забраната, која на компанијата Huawei не и дозволува да ги користи технологиите на чипови на американските компании. Qualcomm сега потврди дела добил дозвола од владата на САД за продавање 4G чипови за телефони на компанијата Huawei.
Американската компанија не објави кои чипови добиле дозвола, но исто така е јасно дека посилните процесори и модеми опремени со 5G поддршка не се дел од оваа дозвола.
Huawei до забраната користеше сопствени Kirin чипови за телефони од горниот сегмент, додека Qualcomm Snapdragon чиповите се користени на буџетските модели. Qualcomm, наводно, побарал дозвола да продолжи да му ги продава своите чипови на Huawei, со тврдење дека ривалите на компанијата надвор од САД би можеле да ја пополнат таа празнина.
Поврзани артикли