Во текот на Virtual Flash Memory Summit, Samsung и Xilinx го претставија својот прв SmartSSD – кој има потенцијал да го промени начинот на кој индустријата ги посматра уредите за складирање.
Со SmartSSD, Samsung го комбинира своето NAND складирање со Xilinx FPGA за да се зголеми разновидноста на апликациите за складирање, преместувајќи го управувањето со базите на податоци и процесирањето од CPU и сместувајќи ги директно на уредита за складирање. Ова на Samsung SmartSSD му овозможува да испорача значајно поголеми брзини, поголема компресија на податоците и на програмерите на апликации им овозможува да креираат нови хардверски акцелерирани решенија за складирање.
Актуелниот SmartSSD модел на Samsung е модел од 4TB, кој може да се искористи за складирање до 12TB податоци преку акцелерирана транспарентна компресија. Оваа компресија може да се користи да овозможи до 10 пати повеќе капацитет за складирање во некои случаи.
Благодарение на Xilinx onboard SSD процесирањето овозможува да се растовари процесорот и тие ресурси да се насочат на други задачи.
Samsung SmartSSD ќе користи 2.5-inčni U.2 формат и пристигнува во верзија со 4TB простор. SSD дисковите можат да се нарачаат кај Samsung, а генералната достапност се очекува на почетокот на 2021. година.