Gmail искуството повеќе не го подразбира и класичниот Hangouts, бидејќи го замени Google Chat. Разговорите и важните пораки сега можат да се пинуваат, и на тој начин секогаш да бидат при рака за брзо потсетување
Сочуваните разговори остануваат во врвот на чет листата на пораки, за разлика од останатите кои се појавуваат по хронолошки ред, во зависност од тоа кога се испратени. Новата опција доби место во паѓачкото мени во облик на „Pin“ функција, што се наоѓа веднаш под „Mark as read“. Свежата функција е достапна како за „еден на еден“ разговори, така и за групни четови, што овозможува важните пораки брзо да се пронајдат во случаите кога на корисниците им потребно на брзина да се потсетат на некој договор, план или важна информација.
Google Chat опции за пинување пристигнува во следните денови и ќе им биде достапна на оние кои ги имаат следните пакети: Workspace Essentials, Business Starter, Business Standard, Business Plus, Enterprise Essentials, Enterprise Standard, Enterprise Plus, како и G Suite Basic, Business, Education, Enterprise for Education, и на оние кои не ги плаќаат своите налози.