Новата научна студија открива дека истата мутација што му овозможи на SARS-CoV-2 вирусот толку да се прошири низ светот помеѓу човечката популација, можеби е всушност и негова ахилова пета, која идните вакцини би требало да ја таргетираат.
Еден од најновите соеви на новиот коронавирус што моментно е најчест во светот, се вика D614G.
Со тестирање на заморчиња, научниците од Универзитетот Јужна Каролина и Висконсин-Медисон, открија дека тој специфичен сој на коронавирусот побрзо се размножува и се шири полесно од оригиналниот кинески сој на вирусот.
Уште повеќе, D614G е десет пати попотентен од кинескиот оригинален сој, а сето тоа поради унапредената инфлитрација на пилестиот протеин, со помош на кој влегува во човечките станици.
Според наведената студија, Ковид-19 што го предизвикува D614G се шири побрзо, но не предизвикува потешки заболувањата, додека истовремено е почувствутелен на лекови, вклучувајќи ги и терапиите со антитела.ѓ
Во споменатиот експеримент со заморчиња, тестирани се оригиналниот сој на SARS-CoV-2 вирусот и неговата спомената мутирана варијанта, за да се утврди тежината на симптомите на зараза по инфекцијата и заразноста на секој поедин сој.
Здравите заморчиња се поставени во засебни кафези покрај оние со заразените заморчиња и поврзани со заеднички довод на воздух, а резултати беа повеќе од јасни по два дена.
Оригиналниот сој на коронавирусот не се пренел на здравите заморчиња ниту по два дена, додека G614G сојот зарази шест од осум заморчиња во истиот временски период.
Тимот откри дека всушност таа висока заразност на мутираниот сој всушност би можела да биде и негова најранлива точка, бидејќи отвора мал влез на еден од шилестите протеини, што ја зголемува неговата заразност, но го остава јадрото на вирусот изложено на потенцијално делување однадвор, што е лесна мета за соодветните антитела, на пример оние кои веќе се наоѓаат во постоечките вакцини.
Но, мутирањето на коронавирусот е непредвидливо и бара дополнителни научни истражувања за да се открие точната механика на секоја од мутациите и на тој начин да се максимизира заштитата на јавното здравје.
Поврзани артикли