Против пандемијата на новиот коронавирус може да се бориме со помалки затворање и ограничување на активностите само на одредени подрачја чија популација не надминува над 200.000 жители, доколку на таквите места се појавило жариште.
Експертите од јавното здравје со неверување ги набљудуваат политичките поделби и неконзистентни мерки кои што се само напори за справување со пандемијата во голем број од светските држави.
Новото истражување на германски и британски математичари применило алати на теорија на хаосот за да покаже дека конструктивните поделби всушност можат да доведат до контрола над пандемијата на многу ефектен начин.
Истражувањето спроведено во Оксфорд и Готинген имало примена на математички модел на трансмисија на новиот коронавирус, кој што одговара својствено на начин на кој бројот на инфекцијата се менува со текот на времето.
Тие забележале дека бројот на инфекцијата во помалите заедници понекогаш се намалува и се доведува до нула, сè додека луѓето се придржуваат до мерките, како што се заштитна маска, држење дистанца и други епидемиолошки мерки.
Тоа спонтано исчезнување на болеста ги натерало истражувачите да заклучат дека поголема изолација на малите градови или пак општини од соседните средини би довело до исчезнување на коронавирусот до таа мера што животот повторно би се вратил во нормала на подолго време, односно до евентуална појава на нова болест.
Ригорозната математичка анализа покажала дека т.н. стратегија „раздели па владеј“ би била ефектна. Истражувачите резултатите ги објавиле во научното списание „Chaos“.
Потоа тие направиле симулација на поедини општини од Германија, Англија, Италија, потоа од Њујорк, Флорида, па посочиле на две сценарија.
Првото сценарио ни е на сите познато и поголемиот дел од земјите веќе повторно го применуваат, а подразбира строго затворање на национално рамниште.
Второто сценарио е воведување на ограничување на движењето секојпат кога бројот на инфекцијата се зголемува, но тоа ограничување се применува од округ на округ.
Нивните модели предвидуваат дека предноста на локалната контрола на епидемијата би можела да се покаже по неколку месеци, но сугерираат дека таквата стратегија на долгорочна поделба би можела да спаси многу животи.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли