Facebook објави ново ажурирање за Messenger и Instagram, кое на популарните платформи ја донесува можноста за креирање на разговори кои исчезнуваат/самите се бришат, а функцијата го носи името Vanish Mode.
Новата функција прв пат беше најавена во септември, кога Facebook претстави вкрстена размена на пораки помеѓу Messenger и Instagram. Опцијата е дизајнирана за да овозможи испраќање на текст, фотографии, емотикони и стикери кои исчезнуваат кога лицето од другата страна ги гледа или кога ќе се затвори чет прозорецот.
За да се вклучи Vanish Mode, потребно е да се повлече на екранот на телефонот во моментниот разговор. Со повторно свајпање се враќа во стандардното искуство на разговорот.
Опцијата функционира само луѓето со кои е поврзан корисникот, а му се нуди опција дали сака да влезе во Vanish Mode со некој. Покрај тоа, ќе се добива известување за тоа кога контактот ќе направи скриншот од разговорот. Тука се и опциите за блокирање или пријавување на разговорот.
Засега Vanish Mode е достапен само за корисниците на Messenger во САД и на неколку други територии, а и во иднина се очекува достапноста на повеќе пазари. Исто така, наскоро пристигнува и на Instagram.
Za sada, Vanish Mode je dostupan samo Messenger korisnicima u SAD i na nekoliko drugih
Поврзани артикли