Apple во јуни го најави својот нов macOS Big Sur, а новиот оперативен систем сега е објавен во својата финална верзија. Системот пристигнува со нов дизајн и нови апликации, вклучувајќи ги Messages ажурирањата што ги видовме за iOS 14.
Најновиот macOS Big Sur вклучува транспарентност и „depth shading“, за да се намали возуелната комплексност и го насочи фокусот на содржините и новите симболи. Копчињата се појавуваат само кога се потребни, а тука е и обединетиот простор за известувања и виџети.
Apple додаде и редизајнирана опција за избор на фотографии, за да го олесни нивното делење. Корисниците можат да креираат Memoji на Mac уредите. Пораките ќе можат да се обележуваат и ќе бидат синхронизирани на различните уреди. Maps апликацијата доби редизајн, со неколку нови функции.
Кога е во прашање Safati, веб-прегледникот е сега побрз и троши помалку батерија, а има нова почетна страница која може да се прилагодува. Photos секцијата доби подобра Retouch алатка, додека Apple Music For You е заменета со Listen Now секцијата.
Покрај ова, Microsoft објави нова верзија на својот Mac Office 2019 пакет на апликации, вклучувајќи ја поддршката за macOS Big Sir и компатибилноста со Apple Silicon уредите.
Поврзани артикли