Компанијата Nvidia во септември ја претстави најновата серија на графички карти, на чело со RTX 3090 која чини 1400 долари, а е претставена како прв чекор кон 8К гејмингот.
Графичката карта е навистина апсолутен ѕвер, со опција за играње во 8К при 30 FPS, а најповолна се покажа за играчите кои сакаат да играат во 4К при ништо помалку од 60 FPS.
Сепак, не поминаа ниту два месеци откако графичката карта стана достапна, а веќе се соочи со видео игра која не може да ја „издржи“ на највисоки детали во 4К и 60 FPS – тоа е Assassin’s Creed: Valhalla.
На YouTube каналот GameGPU е објавен тест на RTX 3090 графичката карта која прави бенчмарк на Ultra детали во 4К резолуција на играта на Ubisoft, во комбинација со Intel Core i9 10900K.
Фрејмрејтот варираше во текот на целиот тест, а интересно е тоа што во одредени моменти падна и под 40 FPS. Просекот на крај изнесуваше 56 FPS.
Секако, RTX 3090 е навистина посебна графичка карта, но сепак, ако најновата и најскапата графичка карта уште сега има вакви проблеми, каква ќе биде ситуацијата кога ќе се појават првите next-gen игри? Valhalla е cross-gen игра, што значи дека е развивана и за постарите генерации на конзоли, а подоцна next-gen игрите ќе пристигнат со унапреден енџин, како на пример Unreal 5 со фотореалистична графика.
Извор: B92.net
Поврзани артикли