Huawei Mate 40 серијата е објавена неодамна, а од старт пристигнува со EMUI 11 софтвер. Сега дојде време најновиот кориснички интерфејс на компанијата да стане достапен и на постарите уреди. Mate 30 Pro од минатата година меѓу првите ќе добие ажурирање на новата верзија на софтверот.
EMUI 11 и натаму е заснован на Android 10, а имплементира почист кориснички интерфејс и различни подобрувања во текот на користењето. Меѓу нив е Smart Always-On Display, кој се појавува само кога се гледа во телефонот, туку се подобрувањата за multi-windows поддршка, пофлуидни анимации и друго.
Имплементирани се и подобри опции на приватност, можност за обработка на забелешките на повеќе уреди на Huawei истовремено и вградена е апликација за превод.
Верзијата која моментно се испорачува е EMUI 11.0.0.145, пристигнува OTA (over-the-air) и е со големина од 3.18GB. Се очекува дека на корисниците ќе им пристигнува во фази и ќе може да помине извесно време додека не им стане достапна на сите.