Многумина следната година ќе мораат да ги унапредат своите Android уреди, за да можат да ги посетуваат сигурните веб-сајтови. Тоа значи дека оние телефони што ќе ги имаат верзиите на оперативниот систем постари од 7.1.1 Nougat, ќе бидат ускратени за многу интерент содржини.
Проблемот ќе погоди голем број уреди, а делумно ќе може да се заобиколи ако се преземе Firefox, што користи сопствени сертификати. Вообичаено е дека програмерите не водат сметка за поддршката за постарите верзии на некој оперативен систем, но овој проблем би можел да осветли и некои други проблеми, кои постојат во рамките на Android системот за ажурирање. Експертите утврдија дека околу 34 проценти од Android корисниците имаат постари верзии на оперативниот систем, а оние кои телефоните ги купиле во 2016. или 2017. година (или претходно) наскоро би можеле да останат без можност да посетуваат голем број сајтови.
Многу производители на Android телефони веќе се обврзаа новите ажурирања за некоја верзија на оперативниот систем да ја објавуваат три години од лансирањето, но тоа нема да влијае на судбините на оние кои телефоните не ги менуваат толку често, и уредите ги користат подолго од наведениот период.