Со претстојната сезона на грип постои зголемена загриженост дека многумина би можеле да заболат од груп или од Ковид-19, или и од двете болести.
Проблемот оваа година е како да се распознаат симптомите на грип од симптомите на зараза со новиот коронавирус.
Здравствените експерти веќе некое време ја предупредуваат јавноста на спојувањето на сезоната на грип со пандемијата на коронавирусот во текот на студените есенски и зимски месеци. Предупредуваат на тоа дека пандемијата на Ковид-19 треба да се стави под надзор пред грипот да почне да се шири меѓу популацијата. Во спротивно, тоа би можело да претставува преголем притисок на здравствениот систем.
Еден начин на кој тоа би можело да се избегне е и со препознавае на двата клучни симптома кои го разликуваат Ковид-19 од грипот. Се работи за дисфункцијата на вкусот (губење на вкусот) и диспнеја (незгодно чувство на недостаток на воздух).
Во британската студија се проучувани симптоми на 417 пациенти со благи или умерени симптоми на болеста Ковид-19 (од кои 163 биле жени).
Најчестите симптоми биле кашлица, болка во мускулите и губиток на апетит. Најчестите оториноларинголошки симптоми биле болка во лицето и опструкција на дишните патишта во носот, се наведува во стуијата.
Исто така, студијата откри дека 85,6 и 88 проценти од пациентите пријавиле губење на мирисот или вкусот.
И кај пациентите кои имаат грип или обична настинка може да дојде до привремено губење на мирисот, но кај пациентите заразени со коронавирусот може да дојде до нагло и посилно губење на мирисот, што може да доведе до неможност за разликување на кисело од благо.
Исто така, Ковид-19 пациентите можат да почувствуваат губење на мирисот и без отекување на слузницата на носот.
Поврзани артикли