Компанијата Uber во првите три квартали од оваа година забележала загуба од 5,8 милијарди долари.
„Uberсоопшти дека во третиот квартал приходите биле 3,1 милијарди американски долари, што е за 18 проценти помалку од истиот период минатата година.
Главниот финансиски директор на Uber, Нелсон Чаи, изјави дека е убеден дека компанијата ќе биде повторно профитабилна до крајот на следната година.
Загубата на компанијата минатата година беше 8,5 милијарди долари, додека годинава веќе изгуби 5,8 милијарди долари.
Ден по претседателските избори во САД, акциите на компанијата пораснаа за скоро 15 проценти.
Поврзани артикли