Австралиската сојузна држава Викторија има намера да изгради огромна батерија која би придонела на нивните настојувања за премин на одржливи извори, складирање и дистрибуција на електричната енергија.
Како што изјавија, влегуваат во партнерство со компанијата Tesla, која треба да направи батерија со колосални пропорции и сила од 300 мегавати, односно зафатнина од 40 мегават-часови.
Се очекува дека зафатите нема да почнат пред летото 2021. година, а ќе се наоѓа покрај Џилонг, околу 70 километри југозападно од Мелбурн. Софтверот на Tesla ќе овозможи во секој момент да се проценува каде складираната електрична енергија може најдобро и најекономично да се искористи.
Најголемата австралиска соларна фарма е во сопственост на француската компанија Неоен, која води и други проекти во Автсралија, па инсталацијата на колосалната батерија на Tesla, всушност они и ќе ја платат.
Потрошувачите во сојузната држава Викторија преку сметките за електрична екергија ќе го плаќаат надоместот, но истражувањата покажаа дека сметките ќе им бидат всушност поевтини, а не поскапи поради тоа.
Успехот на еден сличен проект (батерија од 100 мегавати на југот на Австралија) ги заинтересира и другите држави за вложувања, а во Tesla се надеваат дека тој сегмент на нивното работење ќе биде успешен, барем како оној со електричните автомобили.
Во видео снимката погоре можете да погледнете како се би требало да изгледа, еднаш кога ќе биде готово.