Дали некогаш сте ги прочитале сите услови за користење на некоја програма? Да, исто и ние само притискаме на „Next“ или „I Agree“.
Сепак, некои луѓе решиле и за ова да направат истражување. Имено, тие ги анализирале условите за користење на некои од најпопуларните апликации и програми што ги користат милиони, па дури и милијарди лица.
Ако сакате да прочитате сè што пишува во условите за користење на 13 апликации на англиски јазик (тука спаѓаат TikTok, Zoom, WhatsApp и други), би ви биле потребни околу 17 часа и 5 минути. Колку за споредба, исто толку време е потребно да се прочитаат романите „Разум и чувствителност“ или „Шиндлеровата листа“.
Апсолутен рекордер е Microsoft Teams со 18.282 збора, а по него следуваат Candy Crash со 14.189 и Twitter со 11.022.
Она што е уште поважно е прашањето дали ќе разберете сè што пишува? Како што вели една од учесничките во анализата, овие текстови се толку неразбирливи и комплицирани, што многу луѓе би имале проблем да сфатат сè.
Што ако не сакате да се согласите со условите за користење? Веројатно единствената опција ви е да се откажете од таа апликација.
Извор: B92.net
Поврзани артикли