Потврдата доаѓа на Twitter од првиот човек на Tesla, Елон Маск
Иако така звучи, не треба да се очекува дека Tesla значително ќе отстапи од необичниот дизајн на пикап моделот. Може да се очекуваат визуелни и естетски промени, но тие веројатно ќе бидат повеќе суптилни, отколку очигледни. Она на што мораше да работи американската марка е пред се големината на самото возило.
Во изминатите неколку месеци имаше многу критики кон Tesla дека Cybertruck е преголем и дека помало возило исто така би ги исполнувало повеќето од барањата на овој тип клиенти, а воедно и би било полесно да се маневрира во урбаните области.
Tesla веќе потврди дека ќе има промени кога станува збор за големината на самиот автомобил. Сериското издание на Cybertruck ќе биде пократко за 152 mm и потесно за 25 mm. Барем така беа првите најави од компанијата. Но, типично за Tesla, подоцна се појавија и спротивни изјави, па затоа е невозможно да се биде сигурен и да се предвиди што навистина ќе презентираат Американците.
Како и да е, Eлон Маск на неговата омилена социјална мрежа Twitter објави дека премиерата на редизајнираниот или модифициран Cybertruck ќе се случи за околу еден месец. Што значи ова и како ќе изгледа новата презентација на надградениот Cybertruck, останува да видиме.
Sure, maybe in a month or so
— Elon Musk (@elonmusk) November 1, 2020
Воедно Маск повеќе пати ја повтори идејата за пикап камионет со покомпактни димензии за европскиот пазар па можно е во наредниот период да се види и ваква варијанта наменета за клиентите од Стариот континент.
Поврзани артикли