Honor 10X Lite е моментно достапен во Саудиска Арабија, но на глобалните пазари конечно ќе се појави од 10. ноември.
Смартфонот го покренува Kirin 710 чипсет, има 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 10 со Magic UI 3.1 интерефејс, но како и многуте други Honor модели, и овој телефон нема поддршка за сервисите на Google.
Honor 10X Lite користи 6.67-инчен FullHD+ LCD екран, со punch-hole отвор во центарот за 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓа систем со четири камери, што ги сочинуваат 48MP главен, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот има и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, а го напојува батерија со капацитет од 5000mAh, со поддршка за полнење до 22.5W преку USB-C порт.