Во текот на ноември во Кина се очекува претставување на новите Redmi Note 9 телефони, а популарен дојавувач сега објави повеќе информации за нив. Претходно е објавено дека ќе бидат претставени три нови телефони, а еден од нив ќе ја има новата 108MP камера на Samsung.
Сега ги знаеме спецификаците на дисплејот на еден од овие телефони. Извештајот споменува 6,67-инчен IPS LCD панел, со 1080 x 2400p резолуција и 120Hz адптивна стапка на освежување. DotDisplay е името за дизајнот со punch-hole отвор за камерата. Адаптивната стапка на освежување има нелколку разчични чекори, а во зависност од сценаријата нуди 30, 48, 50, 60, 90 и 120 Hz освежување.
Извештајот го споменува и капацитот на батеријата, што ќе изнесува 4800mAh. Претпоставка е дека споменатиот дисплеј ќе биде искомбиниран со 108MP камера, што сугерира дека се работи за премиум модел од оваа Redmi Note 9 линија.