Realme во мај го претстави својот прв паметен часовник под името Realme Watch, а компанијата сега објави уште еден модел – Realme Watch S.
Watch S има 1.3-инчен кружен екран осетлив на допир, со резолуција од 360 x 360 пиксели. Тука е и фотосензитивниот сензор што автоматски го подесува осветлувањето во зависност од условите на осветлување. Екранот ќе користи Corning Gorilla Glass заштита.
Realme истакнува дека над 100 позадини ќе бидат достапни за Watch S во следните месеци, додека претходниот модел имаше 12 од стартот.
Кружното куќиште е креирано од легура на алуминиум и има две копчиња од десната страна, додека ременот е креиран од Liquid Silicone материјал и пристигнува во сина, портокалова, зелена и црна боја.
Од функциите, Realme Watch S поседува OOG сензор за мерење на отчукувањето на срцето, SpO2 сензор за следење на нивото на кислород во крвта. Тука се и 16 спортски модови, од кои нови се Stationary Bike и Rowing Machine.
Останатите опции на часовникот се Sleep Monitoring, Call Rejection, Smart Notifications иMusic and Camera Control. Тука е и IP68 сертификатот за заштита од вода на длабочини до 1,5 метри, но Realme истакнува дека часовникот не е подобен за користење во текот на туширање или пливање.
Realme Watch S има 390mAH батерија, која со едно полнење трае до 15 дена. Паметниот часовник ќе дебитира на пазарот на Пакистан по цена од околу 95 долари, а нема информации кога ќе се појави глобално.