Месечниот збирен извештај на Европското регулаторно тело за електронски комуникации (BEREC) за статусот на капацитетот на интернетот е ажуриран со нов преглед на моменталната состојба во Европа. Телото на регулатори за електронски комуникации (BEREC) каде што потпретседател е директорот на македонската Агенција за електронски комуникации Сашо Димитријоски, побара од националните регулаторни тела да го наведат целокупниот статус на капацитетот на интернет сообраќајот во нивните земји со употреба на систем на семафори за интернет сообраќајот (traffic light system).
Вкупно 25 национални регулаторни тела одговорија на барањето и укажаа на тоа дека мрежите продолжија да работат добро и во октомври – „зелен статус“. Во овој период не се забележани поголеми метежи во мрежата. Во некои земји, побарувачката за сообраќај на податоци низ мрежите растеше повисоко, но благодарение на мерките преземени од операторите, побарувачката е задоволена.
Ажурираниот збирен извештај на BEREC исто така информира за новото трасирање. На 19 октомври 2020 година, портата за интероперабилност на ЕУ започна да го искористува целиот потенцијал на апликациите за пронаоѓање контакти и предупредувања преку границите и со општо корисни цели. Користејќи ја новата европска порта, австриските, германските, ирските и италијанските национални апликации за пронаоѓање контакти сега можат да разменуваат податоци за трасирање контакти едни со други. Апликациите на другите земји-членки, кои исто така користат децентрализиран пристап, ќе следат наскоро.
Поврзани артикли