Лицата кои ќе се инфицираат со коронавирус заразуваат околу половина членови на семејството, а возрасните веројатно се позаразни од децата, покажа студијата на американските здравствени власти објавена пред неколку дена.
Повеќе студии во светот пробаа да го утврдат точниот ризик на трансмисија во рамките на едно семејство, но добија многу различни резултати. Меѓутоа, сугерираат дека децата се помали преносители на вирусот во однос на возрасните.
Новата студија на Центарот за превенција и контрола на болести (CDC) се темели на проучуван 101 случај на коронавирусот во два града, Нешвил (Тенеси) и Маршфилд (Висконсин), од април оваа година.
Научниците следеа 191 член на нивните семејства, барајќи од нив да водат дневник за евентуалните симптоми и самостојно да си земаат примероци во текот на 14 дена.
Сто и два случаја од 191 имале позитивен тест, односно 53 проценти од нив.
Меѓу 20 иницијални слуачи помлади од 18 години, стапката на секундардна инфекција била 43 проценти, додека кај возрасните изнесувала 57 отсто.
Премалку деца се вклучени во студијата оневозможува да се генерализира резултатот.
Авторите сепак заклучуваат: „Доаѓа до значително трансмисија, без разлика дали лицето кое заразило било возрасно или дете.
CDC им препорачува на лицата кои мислат дека се заразени да се изолираат, спијат во посебна просторија, користат засебно купатило и носат маска.