Може да се каже дека LG веќе неколку месеци е отсутен од пазарот на премиум телефони. По годинашната објава на LG Velvet моделот, што спаѓа во горниот среден сегмент, како и неколку модели од Q и K сериите, компанијата на почетокот на следната година и можела да објави нов премиу смартфон, како и модел што ќе има дисплеј што се свиткува.
Според извештајот на сајтот The Elec, LG се фокусира на два нови проекта со телефоните за 2021. година: Rainbow и B Project. Се очекува дека Rainbow ќе биде стандарден премиум модел, следниот телефон во V серијата. Од друга страна, B Project би требало да биде нов телефон со екран што се свиткува. B Project е истовремено и дело на LG Explore проектот, кој ни овозможува експериментални телефони како што е Wing.
Се очекува дека телефонот со екран што се свиткува ќе има дел од дисплејот што се вовлекува во дел од куќиштето, за уредот да го направи покомпактен кога не се користи. Од друга страна, новиот телефон од V серијата се очекува со Qualcomm Snapdragon 875 чипсет.