Освен наследникот на Pixela и Pixel XL, Google наводно работи на смартфон со уште поголем екран – Pixel XXL

Сите кои оваа година купуваат нов топ модел на паметен телефон ќе имаат тежок избор помеѓу новите Samsung Galaxy S модели, Huawei P10, LG G6, Sony Xperia XZ Premium,  додека љубителите на уредите на Apple со нетрпение го очекуваат претставувањето на новите модели на iPhone. Свои адути на овој пазар подготвува и Google кој ќе претстави наследници на Pixel серијата – минатата година претставија два модела, а гласините велат дека за 2017 подготвуваат три модели, а оваа недела се објавени некои шпекулации врзани со моделот со кодно име Taimen, што на пазарот би можел да се појави како Pixel XXL.

Се работи за телефон кој би требало да има голем екран (дијагоналата на екранот не се споменува, но за очекување е да биде поголема од 5,7, можеби дури и 6 инчи) и што ќе го покренува последната верзија на моќниот Snapdragon процесор (835) која се испорачува и во некои модели на Galaxyja S8/S8+ и Xperiа Premium XZ. Исто така, се очекува и 4GB RAM, и секако, последната верзија на мобилниот оперативен систем на Google, Андроид O, која донесува подобрувања за сигурност, брзина и траење на батеријата на мобилните уреди.