Како што стојат работите, во следните месеци, па и години, маската ќе биде обврзен дел на гардеробата. Компанијата Maskfone реши ова парче облека да ги направи малку покорисно и поприемчиво за носење. Имено, направија заштитна маска со вградени bluetooth слушалки. Сепак, бидејќи маската е предвидена за повеќекратна употреба, овозможено е лесно симнување на слушалките, за маската да може да се испере.
Интересно е дека компанија премногу не се трудела околу сето ова. Тие само направија маска што овозможува носење на слушалки, а ги избраа стандардните Motorola слушалки. Иако никаде не споменуваат кој точно модел е во прашање, според изгледот би можеле да претпоставиме дека се работи за Verveloop 105 фитнес слушалки. На самата маска постојат нацртани значи за почеток на репродукцијата и регулирање на јачината на звукот, но тие сами по себе немаат никаква функција. Само го покажуваат местото каде што се поставува контролерот за слушалките, како и каде налегнуваат копчињата на него. Со маската, покрај слушалките се испорачуваат и пет N95/FFP2 изменливи филтри.
Маската заедно со слушалките и споменатите филтри чини 50 долари, што е сосема коректна цела. Ако ништо друго, ќе го направи носењето на маската попријатно и порпифатливо за младата популација, која најмногу се спротивставува на овој тренд.
Поврзани артикли