Научниците се повеќе откриваат дека не е клучен само вирусот, туку и лицето кое ќе го зарази.
Човештвото веќе со векови знае дека некои супстанци во мали количини можат да бидат лек, а во поголеми отров. Дури и водата може да биде отровна ако се конзумира во преголеми количини.
Но, токму овој факт, дека дозата одредува колку е нешто смртоносно или не, би можела да се примени и на коронавирусот. Имено, веќе подолго во научните кругови се расправа за тоа дека дозата на вирусот на која некое лице е изложена е всушност клучна за тоа дали лицето воопшто ќе се зарази, ќе добие благи симптомни или потежок облик на болеста Ковид-19.
Како што за CNN објасни професорот по биологија од Универзитетот Масачусец, Ерин Бромаж, идејата за тоа дека е потребна одредена количина патогени за да се зарази организмот, се покажа точна за некои други вируси, како на пример грипот.
Ако изложите животно на ниска доза на вирус, ќе успее да се спротивстави на заразата без развивање на болеста. Но, ако ја изложите на поголема количина, организмот ќе се зарази и животно ќе се заболи. Дозата, во тој случај, станува многу важна, истакнува Бромаж.
Логиката е многу едноставна – не бо треба точно одредена честичка на вирусот што ќе ја инфицира станицата, но ако имате голем број виртаклни честички, една ќе успее да се пробие до станицата и ќе покрене инфекција.
Но, Бромаж предупредува дека не е клучна само количината на вирусот на која некој е изложен еднократно, туку собирање на количините на кои се изложен во текот на одредено време.
Не е важно само колку долго, туку и вкупното траење на изложеност
„Тоа би можело да се објасни зошто медицинскиот персонал е на удар. Бидејќи се изложени на високи дози или се наоѓаат во околина во која постојано се изложени на вирусот, па дозата постојано се зголемува?“, прашува Бромаж.
Поради тоа епидемиолозите, кога проценуваат колку е некој потенцијално заразен, во обзир го земаат и времето поминато во близок контакт со заразеното лице, односно во ризична ситуација. Моментно „златниот стандард“ е 15 минути, но тоа може да значи и неколку пократки средби кои вкупно сочинуваат 15 минути.
Меѓутоа, научниците се повеќе откриваат дека не е клучен само вируост, туку и лицето што ќе ја зарази.
Секое лице има различен праг на толеранција. Некој кој има проблем со имунитет или ако е под стрес, му е потребно помалку вирус за да се зарази во однос на некој што е во добра здравствена состојба“, предупредува Бромаж.
Кога се ќе се собере, шансите некој да се зарази зависат од психологијата на потенцијалниот пациент, но и од неговото однесување и навиките (како пушењето, здрава исхрана, физичка активност и спиење).
Но, проблемот е да се пронајде точното сценарие што доведува до инфекција.
Едноставно не можеме да ја проучувма точната доза на вирус што некого би го направила болен, бидејќи тоа е целосно неетички, предупредува инфектологот и професорката по медицина на Универзитетот Калифорнија, Моника Ганди. Имено, тоа би значело дека треба луѓето да ги изложиме на се поголеми нивоа на вирусот за да откриеме како и кога се случува инфекцијата.
Мислам дека нема да го добиеме тој износ. Можеме да пробаме со животните и да добиеме одредени податоци, но за луѓето – за жал, не можеме, истанува др. Ганди.
Поврзани артикли