Патентот што Samsung го пријави кај WIPO (World Intellectual Property Organisation), а кој укажува на можниот Galaxy Z Fold 3 сугерира дека флексибилниот телефон би можел да биде значајно поприлагодлив, со тоа што ќе добие поддршка за S Pen.
Скиците на уредот потврдуваат дека паметното пенкалце ќе биде сместено во долната десна страна на телефонот, како кај Galaxy Note моделот. Досега најголемото прашање беше како S Pen ќе работи за шарката, а извештаите од Јужна Кореја сугерираат дека Samsung ја разгледува AES (Active Electrostatic Solution) тејхнологијата за флексибилниот екран, која не бара паметното пенкалце да работи.
Сајтот LetsGoDigital креираше модел на телефонот, засновано на скиците од патентот, а фотографиите покажуваат дека уредот би можл да изгледа интересно.
Samsung дефинитивно веќе извесно време размилсува за додавање на S Pen поддршка на Galaxy Z Fold 3. Со оглед на тоа дека Galaxy Z Fold 2 5G неодамна е претставен, Galaxy Z Fold 3 со потенцијална S Pen поддршка не се очекува пред втората половина на 2021. година.