iPhone 12 линијата пристигнува со можност за безжично полнење на екстерните додатоци, што неодамна можеше да се види во објавените FCC документи, каде што стои дека новиот уред има вградени приемници и преносници што служат за безжично полнење.
Apple оваа функционалност се уште официјално не ја најави, а се претпоставува дека е така затоа што им е наменета на додатоците што треба да пристигнат – AirPods и долгонајавуваните AirTags. Па така, новите iPhone модели покрај можноста да се полнат преку desktop WPT( wireless power transfer) полначи, имаат можност на ист начин да ги полнат и надворешните додатоци, како звучници и слушалки. Листата на теелфони што ќе ја имаат оваа функција ги вклучува и iPhone 12 mini (BCG-E3539A), iPhone 12 (BCG-E3542A), iPhone 12 Pro (BCG-E3545A) и iPhone 12 Pro Max (BCG-E3548A).
If this FCC filing is any indication, the iPhone 12 may have a hidden reverse charging feature. Perhaps MagSafe on the new AirPods? https://t.co/QhFQtOgoRB https://t.co/OAKzzb5U3B pic.twitter.com/pqAVcjLCyN
— Mark Gurman (@markgurman) October 28, 2020
Се истакнува дека обратното безжично полнење на почетокот би можело да биде ограничено во рамките на iPhone 12 уредите, па во документите стои дека на тој начин ќе можат да се полнат само додатоците на Apple.