Компанијата Oppo во ноември ќе го претстави смартфонот Oppo K7x.
Се работи за нов уред од средниот ранг наречен Oppo K7x 5G, а чија премиера е закажана за 4. ноември. Спецификациите не се објавени, но од компанијата тврдат дека ќе има „доста, доста сила“.
На задната страна се гледа модул на камера во облик на правоаголник, но е невозможно да се воочи колку сензори се наоѓаат во него и како всушност се распоредени.
Гласините говорат дека уредот ќе има 6,5-инчен LCD Full HD+ екран во формат 20:9 и батерија од 5000 mAh.
Се очекува дека Oppo K7x ќе биде поевтина алтернатива на моделот K7 5G што чини 240 евра.
Поврзани артикли