„Ширењето на новата инфекција коронавирус не се разликува од сценариото на било која друга акутна респираторна вирусна инфекција“, изјавил директорот на Рускиот научно-истражувачки Институт за заштита од чума – „Микроб“, Владимир Кутирев, на форумот „Здраво општество“.
„Денеска можеме да констатираме дека во развојот на епидемиолошкиот процес нема ништо натприродно, што вирусот би го разликувало од останатите акутни респираторни вирусни инфекции. Сезонското зголемување, се вклопува во сликата кај било која респираторна инфекција“, објаснува Кутирев.
„Зачестеноста на мутацијата на вирусот корона на територијата на Русија е пониска отколку кај грипот или пак еболата во Западна Африка“, додал тој.Кутирев исто така изјавил дека заедно со Државниот научен центар „Вектор“, ја надгледува варијабилноста на Ковид-19 врз основа на податоците за секвенционирање.
„Во светот денеска во базата на податоци претставени се 157.5 илјади геноми на вирусот Ковид-19 од различни делови на светот, што досега тоа не се случило“, изјавил Кутирев.
Инаку, СЗО на 11 март прогласи пандемија на новиот коронавирус. Според последните податоци во светот има над 43.8 милиони луѓе заразени од Ковид-19, од кои 1.1 милион луѓе починале.
Извор: Srbija Danas